Олеснете го закажувањето термини и заменете ги хартиените белешки.
Вашиот бизнис се појавува на Google пребарувања со работно време, услуги и цени. Нови клиенти може да ве најдат полесно.
Клиентите ги гледаат слободните термини онлајн и ве бараат за конкретно време. Така не губите време на договарање, туку вие лично го внесувате терминот, задржувајќи целосна контрола врз распоредот и заштита од лажни резервации.
Целосна слобода да го уредите профилот по ваша мерка. Прикажете ги социјалните мрежи, внесете ценовник и точна локација. Така клиентите лесно ќе ја видат вашата работа и ќе одберат слободен термин за да ве контактираат.
Секој вработен има свој календар. Вие го гледате целиот распоред, а тие го гледаат само својот.
Ни се јавувате и за 24 часа вашиот профил е активен.
Додавате лого, услуги со цени, работно време и вработени.
Го ставате линкот на вашите социјални мрежи, визитка, или едноставно го кажувате на клиентите.
Клиентот ве бара, а вие го внесувате во распоред, без заборавени термини.
Оставете ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме за да го поставиме вашиот профил.